Баерн за едно полувреме му даде осум гола на Дармштад
Германскиот првак Баерн ја оствари најубедливата победа сезонава откако на домашен терен го совлада Дармштад со 8-0.
Со тоа го надмина рекордот од дуелот со Бохум од минатиот месец кога славеше со 7-0. Интересно е тоа што по првото полувреме денеска, мрежите мируваа, а серијата на Баерн почна во 51. минута. Во првиот дел, најзанимливо беше тоа што главниот судија покажа три црвени картони, два за Дармштад и еден за Баерн.
Серијата голови ја почна и ја заврши Хари Кејн кој постигна хет-трик, а најинтересен беше голот во 69. минута, за 5-0 при кој погоди од центарот на игралиштето. По два гола постигнаа Сане и Мусиала, а еднаш противничката мрежа ја затресе Милер.
Штутгарт ја прекина серијата од шест победи бидејќи на домашен терен загуби од Хофенхајм со 2-3. Интересно е тоа што овој пораз доаѓа една недела по повредата на најдобриот стрелец во Европа, Серу Гираси кој за Штутгарт сезонава постигна 14 гола во Бундеслигата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црна Гора во пламен: Пожари беснеат во…
Пожари се активни во пет општини во…
Кисела Вода има прилив на првачиња и…
Кисела Вода е општина што има прилив…
Мицкоски: Ширењето паника за водата во Скопје…
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ширењето информации…
Автобус со 84 српски туристи излетал од…
Автобус со 84 патници, сите државјани на…
Спречен нов масовен обид за илегален влез…
Мароканската полиција уапси најмалку 111 лица кои…