Гутереш: Жалам што наместо пауза, Израел ги засили воените напади
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го повтори апелот за итен прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците заробени од Хамас.
Говорејќи за време на посетата на Непал, тој го повтори својот апел за „итен хуманитарен прекин на огнот, безусловно ослободување на сите заложници и испорака на одржливо хуманитарно помош во обем што ги задоволува потребите на народот во Газа“.
Жалам што наместо критички потребната хуманитарна пауза поддржана од меѓународната заедница, Израел ги интензивираше своите воени операции.
Тој, исто така, повторно ја изрази својата „целосна осуда за ужасните напади“ извршени од Хамас на 7 октомври, и го пренесе своето сочувство до семејствата на десетте непалски студенти кои беа убиени во нападот.
Тој рече дека се надева на безбедно враќање на еден кој се уште се води како исчезнат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вкупно 22 наши државјани побарале помош за…
Вкупно 22 лица досега побарале асистенција за…
Иран тврди дека уапсиле двајца припадници на…
Иранските власти велат дека уапсиле двајца членови…
Нетанјаху: 13 загинати во иранските напади, меѓу…
Тринаесет лица загинаа во иранските напади врз…
Македонското МНР активира контакт-линии за наши државјани…
Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток,…
Израелската војска ги предупредува Иранците да ги…
Израелската војска денеска ги предупреди иранските граѓани…