Некогаш студениот ноември оваа година ја менува формата во топол месец – вели Попоски
Нашите стари знаат дека во минатото, ноември месец бил студен и снежен, снег паѓало уште од Митровден (8 Ноември). Оваа година Ноември месец кај нас ќе биде потопол за 2 до 3 степени, што не е и малку, што значи дека токму овој месец кај нас, но и во целиот регион ќе ни донесе топли денови и натпросечно високи температури на воздухот, како и јужно воздушно струење. Врнежите би требало да бидат околу просекот, со нешто повеќе врнежи во посеверните предели од Балканскиот Полуостров.
Сепак да напоменеме дека и покрај ова не мора да значи дека нема да имаме периоди со постудено време. Секако во ноември го очекуваме и првиот поизразен студен бран од север, особено кон крајот на месецот, и истиот може да донесе и снег.
Се на се ќе имаме температури кои ќе надминуваат 20 степени, особено во најтоплите централни и југоисточни предели од државава.
Ако вака останат работите, минусни утрински температури и мраз кај нас не се очекуваат во првата половина од месец ноември. Сепак ќе растат условите за појава на магла по котлините и речните долини.
Едно да знаат граѓаните, а тоа е додека над Атлантикот се создаваат силни циклони и поле на многу низок воздушен притисок, кај нас нема најава за зимско сценарио, пишува Славчо Попоски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Конечно: Следува период на стабилно и потопло…
Променливо облачно со сончеви периоди. Во источните…
Метео: Денес дожд, утре наутро температури и…
Променливо облачно со повремени локални врнежи од…
Метео: Облачно, студено и со снег!
Од УХМР јавуваат дека времето денес ќе…
Во среда локални врнежи од дожд –…
Сончево со мала до умерена локална облачност.…
Времето утре сончево со мала облачност, во…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за утре…