Турција бара формирање на пандан на Советот за безбедност на ОН: “Светот е повеќе од пет”!

t

Поради неможноста на Советот за безбедност на ОН и другите меѓународни структури да ги решат итните прашања, Турција предлага формирање на нова меѓународна организација која ќе ја сочинуваат голем број земји, изјави портпаролот на администрацијата на турскиот претседател Фахретин Алтун.


„Очигледно е дека Советот за безбедност на ОН и другите структури не се во состојба да ги решат глобалните проблеми и дури почнаа да ги водат во криза. Неопходно е да се формира нова меѓународна организација. Турција подготвува нова повеќедимензионална структура која вклучува многу играчи“, напиша Алтун во написот посветен на стогодишнината од основањето на Република Турција.

За време на формирањето на новата меѓународна структура, рече Алтун, Турција ќе се води од слоганот на претседателот Реџеп Таип Ердоган: Светот е повеќе од пет.
Сепак, Русија се уште верува дека системот на Обединетите нации нема алтернативи и покрај одредени неефикасности во решавањето на голем број прашања на глобално ниво, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Во таа насока, претставникот на Кремљ посочи дека турскиот предлог „во најмала рака бара меѓународен консензус“.


„Времето ќе покаже дали е можно во ова тешко време, во овој тежок период на критични противречности и концептуални промени што се случуваат“, нагласи Песков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турција го блокира Инстаграм

Овој потег уследи по коментарите на турскиот…

Турција ќе ги заловува, но нема да…

Турскиот парламент усвои закон што налага сите…

Застрашувачка изјава на Ердоган: Турција би можела…

Турција би можела да влезе во Израел…

Силен земјотрес ја погоди Турција, се почуствува…

Земјотрес со размери од 4,8 степени според…

Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…

Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…