Фатих Туркменоглу нов претставник на ЕБОР во Македонија

t

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го назначи Фатих Туркменоглу за нов претставник во Македонија. Тој ќе ја преземе должноста утре, на 1 ноември.

Како што информира ЕБОР, Туркменоглу е со турска националност и на Банката и се приклучи во 2012 година како главен банкар во тимот за општинска и еколошка инфраструктура, во Истанбул, Турција. Во 2018 година е унапреден во помошник директор, постар банкар. Следната година е назаначен за Претставник на Резидентната канцеларија во Туркменистан, каде воглавно работел на проекти од приватниот сектор.

Тој е искусен меѓународен банкарски професионалец, со богато искуство во инфраструктурно и комерцијално банкарство. Во неговата кариера, специјализирал во имплементација на проекти, меѓугранично финансирање, правни рамки и односи со донаторите. Пред да се приклучи на ЕБОР во 2012 година, има работно искуство во јавниот сектор и комерцијалното банкарство.

Според ЕБОР, Туркменоглу планира дека ЕБОР во Македонија ќе инвестира 180 милиони евра во 2023 година.

-Се радувам на соработката со властите и приватниот сектор, во овој возбудлив период на ЕБОР во Македонија. Посветени сме на поддршката на зелената транзиција на земјата, преку иновативни финансиски производи и со извонредни одржливи проекти кои следат, изјави Туркменоглу.

Образованието на Туркменоглу е во областа на економија и финансии од универзитетите во Турција и Велика Британија. На неговата нова позиција доаѓа после Анди Аранитаси, кој сега работи како Претставник на ЕБОР за Узбекистан. 

ЕБОР почна да инвестира во Македонија во 1993 година и до сега има инвестирано над 2,6 милијарди евра во 180 проекти, од кои скоро половина се во приватниот сектор. Приоритет на Банката е да ја поддржи земјата во конкурентност, зелена транзиција и натамошна интеграција во регионалните и глобалните пазари. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…