Почина уште едно лице по семејно труење во Скопје, издадена наредба за обдукција
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за обдукција на телото на 79 – годишна жена која почина откако повеќе од 10 дена беше хоспитализирана по семејно труење со домашна храна во Скопје.
Претходно, по истиот настан почина 47-годишна жена, додека 55-годишниот маж е пуштен на домашно лекување.
-Надлежниот јавен обвинител работи на утврдување на причините за труењето. Од домот на семејството се подигнати 20-тина различи траги за кои е издадена наредба за вештачење. Исто така, издадена е наредба за обезбедување на медицинските истории на тројцата пациенти. Се преземаат и други дејствија, се наведува во денешното соопштение од Јавното обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Четиримесечно бебе почина во Струга – ОЈО…
Четиримесечно бебе од струшко без знаци на…
Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…
Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…
Обвинителството итно отвори предмет за диверзијата во…
По информациите во јавноста дека на Институтот…
„Очекувам истрага и кривична пријава“: Пандов доставил…
В.д директорт на Управата за извршување на…
ОЈО и ДКСК веднаш да го истражат…
Волкот го менува влакното, но не и…