Словенечките пожарникари кои гаснеа пожари во 2021 повторно во посета на Берово

t

Словенечки пожарникари кои во 2021 година учествуваа во гаснењето на пожарите кои ја зафатија Малешевијата денес повторно ја посетија Општина Берово. Во рамки на посетата остварија средба со градоначалникот Звонко Пекевски како и командирот на ТППЕ Берово, Сашко Руменовски.

-Пожарникари од Доброволното противпожарно друштво ,,Бовец” од Република Словенија денес се во официјална посета на нашата Општина. Во словенечката делегацијата е и пожарникарот Зорко Рене, кој беше дел од единицата, која што учествуваше во гаснењето на пожарите, во 2021 година. Во рамки на посетата тие донираа технички средства за потребите на ТППЕ Берово, како млазници и противпожарни црева, информираа од Општина Берово.

Градоначалникот Пекевски изрази надеж дека заедничката соработка со противпожарното друштво од Словенија ќе резултира со заеднички проект, за добробит на жителите од двете општини.

-На средбата рзговаравме за унапредување на противпожарната заштита и за потребите на единицата и тие се запознаа од блиску, со работата на нашата противпожарна единица.

Исто така упатив благодарност, за млазниците и цревата, кои Доброволното противпожарно друштво ,,Бовец” од Република Словенија, ги донираше за потребите на ТППЕ Берово, додаде Пекевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синоќа засилено прскање против комарци во три…

Засилени акции за прскање против комарци синоќа…

Врховниот суд на САД привремено гo одобри…

Американскиот претседател  Доналд Трамп  доби привремена правна поддршка…

Иранците тврдат: Подготвени сме за новите американски…

Иранските власти соопштија дека имаат двегодишен план…

Пронајден нов, трет дрон со сомнителен експлозив…

Германските истражители откриле трет дрон и експлозивна…

Летови од 19 евра и рачен багаж…

Европскиот авионски пазар би можел да добие…