Битиќи: Се грижиме за сите, креираме мерки за граѓаните празниците да ги поминат со полна трпеза

t

„Во подготовка сме на буџетот за следната година, предвидуваме антикризни мерки кои ќе бидат солидарни и правични, насочени кон сите, за граѓаните да може да ги поминат празниците со полна трпеза, мерките тоа ќе го гарантираат“, изјави заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, при неговото гостувањето во емисијата „Македонија наутро“, која се емитува на Националната радио телевизија.

Вицепремиерот Битиќи истакна дека една од најранливите категории се пензионерите и кон нив ќе бидат насочени дел од антикризните мерки.

„Вистински е потребата една категорија на граѓани која секако ќе биде опфатена, а тоа се пензионерите. Затоа што навистина сметам дека реформите кои навистина ги започнавме кај пензискиот фонд и пензионерите со нова методологија за усогласување на пензиите дава ефект, но никој не предвидуваше дека ќе имаме економска криза. Секако дека најранливите, а тоа се пензионерите, ќе бидат повеќе погодени и затоа сметам дека поголем дел од мерките треба да отидат кај пензионерите како целна група, но и другите, како младите и други“, рече вицепремиерот Битиќи.

Зборувајќи за замрзнувањето на цените за одделни производи во трговијата на мало, вицепремиерот Битиќи посочи дека со укинувањето на забраната за акции и промоции во маркетите, што е направено по барање на трговците и тоа дозволува дополнително поевтинување на производите.

„Ние ги следиме работите со гарантираните цени, највеќе доаѓаат од трговците, они побараа да се укине забраната за акции на производи затоа што тоа им дозволува на нив да ги поевтинат производите. Тоа ни укажува во суштина дека имавме право кога велевме дека има вештачко зголемување на цените на одредени производи, затоа што сега со гарантирани цени, плус со акции, можат да се намалат цените, што укажува дека нешто се случуваше“, изјави вицепремиерот Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи истакна дека со гарантираните цени им се помага на најранливите категории на граѓани, притоа посочувајќи и на зголемувањето на платите.

„Сметам дека на најранливите категории на граѓани треба да им се помогне, гарантираните цени исто така ќе треба да помогнат и секако со напорите за зголемување на платите“, рече вицепремиерот Битиќи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американскиот воен брод „Нимиц“ плови кон Блиски…

Американскиот брод носач на авиони „УСС Нимиц“,…

Црногорската влада воведе санкции против Белорусија

Владата на Црна Гора денес одлучи да…

Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…

Министрите за надворешни работи на Украина и…

Бочварски: Не се знае до кога ќе…

Благој Бочварски од СДСМ во гостување на…

Арсовска: Висар Ганиу не може да уништи…

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска објави фотографии…