Пак ќе има избори? Бугарската влада на стаклени нозе, Бојко Борисов се заканува пред вториот круг од изборите
Лидерот на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов пред вториот круг од локалните избори во Бугарија се заканува дека ќе стави крај на актуелната влада. За само неколку часа, тој се одлучи во Софија да го поддржи кандидатот на Бугарската социјалистичка партија Вања Григорова за вториот круг од локалните избори, а потоа изјави дека не е сигурен оти бугарскиот парламент ќе може да го изгласа државниот буџет за наредната година, пишува Медиапул.бг.
Актуелната влада беше формирана на почетокот од јуни годинава од страна на коалициите меѓу ГЕРБ и СДС, и Промените продолжуваат и Демократска Бугарија. Овие две коалиции се покажа дека се лути ривали на локалните избори што се одржуваат во Бугарија, што може да доведе до паѓање на владата по само пет месеци од нејзиното создавање.
Борисов како лидер на ГЕРБ сега се заканува дека бугарскиот парламент е до толку распарчен, што не е сигурен дека собранието ќе гласа за следниот буџет. Со овие зборови тој се закани со рушење на актуелната влада. Проблемот настана откако кандидатот за градоначалник на Софија од партијата ГЕРБ не успеа да влезе во вториот круг од локалните избори, а првопласиран заврши Васил Терзиев од коалицијата Промените продолжуваат-Демократска Бугарија.
Бојко Борисов вчера јавно им порача на неговите приврзаници наместо за кандидатот на неговиот коалициски партнер од власта, во вториот круг од изборите во недела да ја поддржат второпласираната противкандидатка од Бугарската социјалистичка партија Вања Григорова, која е всушност опозициска партија.
Тешката политичка ситуација во која се наоѓа Бугарија се отсликува и во другите поголеми бугарски градови, како што се Пловдив, Варна и Благоевград, каде што кандидатите на ГЕРБ-СДС и Промените продолжуваат и Демократска Бугарија директно ќе се судрат во вториот круг од локалните избори.
Медиапул.бг анализира дека со потегот на Борисов, тој им порачува на симпатизерите во Софија да ја поддржат кандидатката која е путинист и претставник на левиот популизам, односно коалицијата од проруски партии како што се Бугарската социјалистичка партија, Комунистичката партија на Бугарија и партијата Атака.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР: Констатирани 140 прекршоци и осум кривични…
Секторот за сообраќајни работи при Министерството за…
Иран со закана за земјите кои ќе…
Иран се закани со одмазда против секоја…
Израелската армија ликвидираше тројца припадници на Хамас…
Израел продолжува да изведува целни убиства на…
Во делови од земјата појава на град,…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево информира…
Трамп се закани дека ќе ги удвои…
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот најави…