ХАМАС ИМА МОДЕРНО ПОДВОДНО ОРУЖЈЕ! Нурка ли торпедото „Ал-Асеф“ во Црвеното Море?

t

Четворица нуркачи од Хамас се снимиле како пуштаат подводно торпедо во морето, а се чини дека се работи за полесно торпедо наречено Ал Асеф. Но, тоа не значи дека торпедото нема да биде сфатено како сериозна закана, пишува Нејвал Њуз. Торпедото има камера налик на „го-про“ камера и е способно да следи координати и да напаѓа бродови. Она што не е познато дали торпедото работи на батерии или на друг погон.

Нејасно е дали Хамас користеше вакво торпедо на нападот од 7 октомври во својата акција наречена „поплава Ал-Акса“, „но јасно е постоењето на такво оружје“, пишува порталот. За ваквото торпедо се знае уште од мај 2021 година кога израелската влада објави дека Хамас се обидел да ги нападне израелските поморски средства со слично оружје. Беше лансиран од северна Газа, во близина на 31,529581°, 34,437747°. Израелските сили брзо го неутрализираа и оружјето и тимот што го лансираше.

https://twitter.com/deepankarthishb/status/1719634994782683178?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1719634994782683178%7Ctwgr%5E9b295af5090301c673323e13c38acdfe7dc0f751%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fplusinfo.mk%2Fhamas-ima-moderno-podvodno-oruzh-e-nurka-li-torpedoto-al-asef-vo-crvenoto-more%2F

Тоа што камерата е поставена блиску до трупот, сугерира дека торпедото не може да нурка на многу големи длабочини. Тоа го прави торпедото „полупотопно“. Се чини дека внатре има цилиндри со компримиран гас. Ако се водиме по шупливото црево кое излегува од цилиндарот, тогаш можеби торпедото работи на мотор со внатрешно согорување, веројатно на бензин.

Ако е така, тогаш моторот е приближно со иста големина како и моторите на беспилотни летала (UAVs).

Вакво слично оружје, кое ги комбинира карактеристиките на торпеда и подводни беспилотни летала, развија Иран и Северна Кореја. И можеби Хезболах во Либан и Хутите во Јемен имаат нешто слично. Иранските торпеда се попрофесионални, тие имаат долг дострел. Оние на Северна Кореја наречени „хаил“ се многу поголеми и носат потешко оружје, веројатно со нуклеарна боева глава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПРВО АКЦИСКИ ПЛАН ЗА МАЛЦИНСТВА, ДОГОВОРЕН СО…

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека пред евентуалните…

Лукашенко: Се подготвуваме за војна, но правиме…

Се подготвуваме за војна, но правиме сè…

Мицкоски со претседателката на ЕБОР: Разговарано за…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во рамки на…

Голем пад на светските берзи: Нафтата и…

Светските берзи се соочуваат со нов притисок…

Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните…

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска пред…