ИДФ: Бегалскиоит камп Џабалија е легитимна цел, нападот беше воено оправдан
Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Питер Лернер денеска изјави дека израелскиот напад врз бегалскиот камп Џабалија во Газа беше воено неопходен и дека тоа е легитимна цел со оглед на тоа што таму се наоѓаше командант на Хамас.
Знаеме дека тој е озлогласен терорист, изјави Лернер за Си-ен-ен, мислејќи на Ибрахим Бијари, за кој ИДФ кажа дека е убиен во нападот и го опиша како еден од командантите на Хамас одговорен за нападот врз Израел на 7 октомври.
Според него, Бијари повторно би го направил истото доколку му се укаже шанса.
-Постои јасна воена потреба. Кога имате терорист, озлогласен терорист, опкружен со десетици негови поддржувачи, кои планираат да извршат повеќе напади, тогаш тие се легитимна цел, истакна Лернер.
Портпаролот на Хамас негираше дека Бијари бил таму, велејќи дека израелскиот напад е „гнасно злосторство врз цивили, деца и жени“.
Во нападот врз бегалскиот камп Џабалија загинаа десетици лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху не ја исклучува опцијата за атентат…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за…
„Нано-игла“ илјада пати потенка од човечко влакно…
Истражувачите од Кралскиот колеџ (King's college) во…
Карлсон: Војната со Иран би значела крај…
Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…
Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани
Организацијата „Супорт Кочани“ денеска ја презеде првата…
Трамп: Иран требаше порано да преговара
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на…