Македонија и САД потпишаа Меморандум за експерска помош за изработка на Националната стратегија за безбедност

t

Македонија и САД денеска потпишаа Меморандум за експертска поддршка за изработка на Националната стратегија за безбедност. 

Меморандумот, како што соопшти попладнево владината прес-служба, го потпишале премиерот Димитар Ковачевски и американската амбасадорка во земјава Анџела П. Агелер. 

– Оваа соработка во едно од најсуштинските прашања за државата е само уште една потврда за стратешкото партнерство и степенот на соработка меѓу нашите две земји. Како што знаете, на 19 септември, Владата ја усвои информацијата за потребата од изработка на Национална стратегија за безбедност, која ќе претставува еден суштински и стратешки документ и обединувачка визија за нашата држава во дефинирањето на виталните и стратешките интереси за безбедно и стабилно  општество, истакнал Ковачевски по потпишувањето на Меморандумот.

Стратегијата е предвидено да ги интегрира сите министерства и институции кои имаат пристап до заштитата и промовирањето на безбедносните интереси на земјата и ќе го определи местото на Република Македонија во регионалниот, европскиот и глобалниот безбедносен контекст.

– Ме радува што за оваа цел и преку Меморандумот што ќе го потпишеме денеска, кон тимот наши експерти се приклучува и американски професионалец за национална безбедност со над 35 години работно искуство во стратешко планирање, извршни комуникации и мултинационални операции, како и истакната воена служба на глобално ниво, потенцирал Ковачевски.

Амбасадорката на САД во земјава, Анџела П. Агелер истакнала дека стратешкото пријателство носи огромни придобивки за двете држави.

– САД е горда, ние сме горди на нашето пријателство и на поддршката и соработката со оваа земја и горди сме што ова е стратешко партнерство што носи огромни придонеси за двете земји. Тоа не е еднострано партнерство, и тоа го имаме видено не само со членството на оваа земја во НАТО и придонесите што сте ги давале досега кон Украина, туку и во многу други аспекти од нашето партнерство и пријатество, потенцирала Агелер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Политико“: Амбасадата на САД во Лондон должи…

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Лондон…

Рама: Косово да прифати сè што се…

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за…

САД го поддржуваат Преспанскиот договор, тоа го…

Елизабет Ален, потсекретарка за јавна дипломатија и…

Слобода или екстрадиција? Денеска ќе се знае…

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж денеска се…

Макрон го покани Путин на „Денот Д“…

Претседателот на Франција, Емануел Макрон го покани…