Антиќ: Не сум се тепал со никого – таа жена не ме интересира, нека прави што сака во животот!
Откако во медиумите се појави информација за тепачка во ноќен клуб во Скопје во која „актери“ биле двајца бивши партнери на манекенката Катарина Ивановска, извесен Цобе и кошаркарот Перо Антиќ, екс-репрезентативецот на Македонија ги демантираше овие информации за ММС.
– Има камери, нека се види дали имало тепачка. Се знае како изгледа тепачка. А секој човек кога ќе биде нападнат има право да се брани. Ниту ме избркал некој од клуб ниту ќе може да ме избрка, тоа е место каде што може секој да отиде и да потроши пари. А смешно е за кликови што се прави. Не сакам веќе никогаш да коментирам ниту за дотичниот човек, ниту, пак, за дотичната жена, не ме интересираат, ниту го познавам. Навистина не ме интересираат, што сакаат нека прават во животот – вели Антиќ за ММС
Претходно порталот 24Инфо пренесе дека се случил инцидент во еден скопски локал меѓу Цобе, првиот партнер и татко на децата на Катарина, и Перо Антиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили…
Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко…
Рускиот опозициски активист: Украина е жртва на…
Рускиот опозициски активист Илја Јашин вели дека…
Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан…
Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата…
Немаме сознанија, ќе го контактираме Киев –…
Соединетите Американски Држави планираат да ја контактираат…
Вечна им слава на ХЕРОИТЕ! 23 години…
И по 23 години од случувањата на…