Хуманитарна помош од Саудиска Арабија за Палестинците во Појасот Газа
Саудиска Арабија денеска соопшти дека почнува кампања за собирање средства за Палестинците во Појасот Газа, каде Израел врши масовна воена операција по нападите на Хамас на 7 октомври.
Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, донираше 20 милиони саудиски ријали (околу 5,3 милиони долари) за кампањата, јавија државните медиуми.
-Кампањата доаѓа во рамките на добро познатата историска улога на Кралството за поддршка на братскиот палестински народ, изјави директорот на Центарот за хуманитарна помош Абдула ал Рабиа.
Помошта доаѓа речиси еден месец откако милитантите на Хамас убија 1.400 луѓе и киднапираа повеќе од 230, според израелските власти, во најсмртоносниот напад во историјата на земјата. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Исчезна скопјанец – семејството моли за помош…
Скопјанецот Трајан Георгиевски (83) исчезна утринава. Од…
Ерменија наскоро ќе поднесе формална кандидатура за…
Ерменија наскоро ќе започне со подготовки за…
Почина бизнисменот Огњан Циговски
По долгогодишно боледување почина бизнисменот Огњан Циговски.…
Охридското Езеро порибено со два милиони пастрмка…
Два милиони пастрмка коран беа пуштени овој…
Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска…
Потврдени се вкупно 44 случаи на западнонилска…