Косово попрво ќе отвори амбасада на Месечината, отколку во Белград, вели Дачиќ

t

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека Приштина нема, „не може да има, ниту некогаш ќе има“ свое дипломатско претставништво во Белград, без разлика како тие се обидуваат тоа да ѝ го претстават на јавноста.

Дачиќ реагираше на соопштението на веб-страницата на министерството за надворешни работи на Косово, во кое во делот „амбасади“ (https://ambasadat.net/en) се споменува и Република Србија, се додава во соопштението на министерството.

„Во Белград, 72 странски дипломатско-конзуларни претставништва се акредитирани на ниво на амбасади, кои претставуваат суверени и независни држави, што самопрогласеното Косово не е, ниту ќе биде некогаш“, оцени Дачиќ.

За време на техничкиот дијалог, кој трае од 2008 година, Белград и Приштина се договорија за распоредување на офицери за врска, кои физички се наоѓаат во просториите на делегациите на ЕУ во Белград и Приштина, потсети Дачиќ.

Офицерите за врски немаат дипломатски статус, ниту претставуваат увертира за отворање на амбасади, туку нивна задача е да помогнат во меѓусебната комуникација и да го следат спроведувањето на постигнатите договори, рече Дачиќ и истакна дека никогаш не се зборувало за отворање на какви било амбасади или давање овластувања на амбасадите.

„И да се надоврзам на овој научно-фантастичен дух од Приштина, сакам да им кажам дека попрво ќе отворат амбасада на Месечината, отколку во Белград“, заклучи Дачиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…

Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…

За време на официјалните разговори во Каиро,…

Вучиќ најави голема воена парада во Белград…

Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…