Објавено на:

Папата Франциск: Израел има право да се брани!

t

Во ниту една војна нема вистински победници, рече денеска папата Франциск при посетата на Римските воени гробишта, мислејќи на конфликтите на Блискиот Исток и Украина.

Папата користеше инвалидска количка за да ги помине надгробните споменици и да положи цвеќе на гробиштата каде се чуваат посмртните останки на војниците на Комонвелтот кои загинале во Италија за време на Втората светска војна.

Годинава папата ги избра овие римски гробишта за да отслужи миса во спомен на починатите на Задушница( Ден на мртвите).

„Војните се секогаш пораз, секогаш. Никогаш нема целосна победа. Едната страна ја поразува другата, но зад неа секогаш има пораз и цена што мора да се плати, рече папата во импровизирана проповед за време на мисата на гробиштата, на која присуствуваа неколку амбасадори на Комонвелтот.

Светиот Отец повика на прекин на огнот во Газа и создавање хуманитарни коридори за олеснување на страдањата на нејзините опколени жители.

Тој, исто така, повика на решение со две држави за блискоисточниот конфликт, а кажа и дека Израел има право да се брани од напади и го осуди подемот на антисемитизмот ширум светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел: „Ердоган ја намамува Турција во опасни…

Израел испрати ново остро предупредување до Турција,…

Израел нападна полициска станица во Газа –…

ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…

Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју…

Зетот на Трамп оди во Израел, ќе…

Џаред Кушнер, пратеникот и зет на американскиот…

Двајца израелски војници и еден Либанец загинаа…

Двајца израелски војници се убиени во Јужен…