Шкотскиот премиер: Сведоци сме на хуманитарна катастрофа во Газа
Шкотскиот премиер Хумза Јусаф денеска изјави дека во Појасот Газа се случува хуманитарна катастрофа и додаде дека Шкотска ги зголемила средствата за помош за Палестинците.
„Сведоци сме на хуманитарна катастрофа во Газа. Шкотската влада ја зголеми распределбата на помошта за Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци во износ од 750.000 фунти“, напиша Јусеф на социјалната мрежа Х (Твитер).
Тој додаде дека го осудува израелското бомбардирање на бегалскиот камп Џабалија во Појасот Газа.
„Го повторуваме нашиот повик за итен прекин на огнот за да се овозможи испорака на хуманитарна помош“, рече Јусаф, пренесува Танјуг.
Сопругата на шкотскиот премиер, Надија ел-Нахл, има палестинско потекло, а нејзините родители биле приведени во Газа откако отпатувале во областа за да го посетат семејството. Јусаф на почетокот на неделата изјави дека неговиот свекор и свекрва се живи, но дека останале без вода за пиење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелските тенкови влегоа во Газа!
Израелските сили рано утрото го нападнаа градот…
УНРВА: 35-45 загинати во нападот врз училиштето…
Директорката за комуникации на УНРВА, Џулиет Тума,…
(Видео) НАЈМАЛКУ 27 МРТВИ ВО НАПАД НА…
Израелската војска утринава ја презеде одговорноста за…
САД: Израел ги постигна повеќето од своите…
Вашингтон го продолжува притисокот врз Израел да…
Макрон го поддржа американскиот предлог за прекин…
Францускиот претседател Емануел Макрон го поддржа американскиот…