(Видео) СЕКОЈА ЧЕСТ: Милионер гради 99 мали куќарки за бездомни лица кои немаат дом, а планира и да ги вработи!
Милионер има прекрасна визија – да создаде населба во која ќе вдомува лица кои поради различни причини останале без покрив на главата, а потоа да им овозможи да работат во неа.
Откако ја продал својата компанија на конкурентска фирма од САД, Канаѓанецот Марсел Леброн го користи профитот од 4 милиони долари за да создаде мали куќарки за оние кои имаат најголема потреба од стабилен дом и покрив над главата.
„Првото нешто кое секому му е потребно е безбедно, достапно и трајно домување. Нашите мали куќарки се и многу убави. Домувањето е само почеток. Ние исто така градиме заедница, во која заедницата ќе стане лекот“.
„Нашата визија е да видиме како луѓето ги надминуваат ограничувањата и одат кон исполнет и независен живот“. – вели Леброн.
Компанијата на Марсел создава по 1 куќа на секои 4 работни дена со цел да направи затворена населба со 99 домови и еден претприемнички центар. Секоја куќарка во себе содржи кујна, тоалет, спален и дневен простор. На жителите им е овозможен пристап до програми во кои ќе научат како повторно да станат работоспособни и конкурентни на пазарот на трудот со цел да живеат продуктивен живот.
„Ова е многу блиску до местото каде што живеам и го посетив пролетта. Жителите се неверојатно горди со нивните домови и многу добро се грижат за нив. Ова буквално е враќање на човечкото достоинство. Неверојатно“ – стои во коментар на Instagram.
„Повеќе милионери треба да ги поддржат своите заедници, како овој човек“ – напиша друг корисник на социјалната мрежа.
Досега се изградени 75 такви куќи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Европа штотуку се согласи да ослободи…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Европа…
Вучиќ: „Со големо внимание го следиме јакнењето…
Александар Вучиќ, носител на листата „Обединета Србија“…
Ги запоставила децата и дозволила малолетната ќерка…
На 01.10.2026 во 18:05 часот во СВР…
Наскоро Прилеп и Битола ќе добиат „Sаfе…
Наскоро Прилеп и Битола ќе добијат „Safe…
Сопственикот на „Пулс“ Дејан Јованов-Деко останува во…
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен…