ДОАЃА ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ – подгответе се уште од попладнево, разочарувањето ќе трае цел викенд, никако не планирајте да го поминете времето во природа!
Под влијание на циклонска активност попладне ќе има врнежи од дожд, најпрвин во западните делови. Во ноќните часови врнежите ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува засилен, наместа повремено силен ветер од јужен правец (над 70 км/час), соопшти УХМР.
Утре ќе се задржи облачно и посвежо време со врнежи од дожд, на места обилни (над 40 l/m2). Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, локално во форма на невреме со силен ветер.
Во недела ќе дува засилен јужен ветер, а локални врнежи се очекуваат попладне во западните делови.
Во Скопје пообилни врнежи ќе има во текот на ноќта и утре во претпладневните часови. Ќе дува засилен повремено силен ветер од јужен правец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица го освои Берлин, кој првпат може…
Победата на крајнолевичарската партија Левица на вчерашните…
Личните документи ќе ги имаме на мобилен…
Мобилната апликација м.Услуги (m.Uslugi), е национална дигитална…
ТРАМП: Голем број руски рафинерии се надвор…
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно повика на…
Европа подготвува црвена линија кон Москва: Што…
Европските министри за надворешни работи ќе се…
Европа се соочува со огромен недостиг од…
Европската енергетска криза може да добие нова…