Тиаго Силва ја откри тајната на долговечноста: Младите мислат дека тоа е фрлање пари
Брилијантниот Бразилец не пропушти ниту една минута на теренот во десет натпревари од новата сезона на англиската Премиер лига, а за The Guardian ја откри тајната на својата долговечност.
Како што рече Силва има седум вработени кои се грижат за неговата форма и кариера воопшто. Тимот од седум експерти го сочинуваат лекар, физиотерапевт, нутриционист, агент, адвокат, ПР менаџер и личен тренер.
Силва на персоналот гледа како на инвестиција и главна причина зошто неговата славна кариера трае толку долго, а ги критикуваше и помладите колеги кои сметаат дека тоа е фрлање пари.
„Младите денес, многумина од нив, таквата инвестиција ја гледаат како трошок. Тие мислат дека е губење пари да има некој на нивна страна. Мислат дека трошат пари со тоа што ќе им помогне стручно лице. Мислам дека тоа е само спротивно: тоа е инвестиција“, рече Силва за The Guardian.
🚨 | Thiago Silva employs seven different experts to keep him playing at 39 as incredible daily schedule revealed. pic.twitter.com/7bZ5WiI4S7
— SPORTbible (@sportbible) November 2, 2023
Тој ја објасни својата секојдневна рутина низ која поминува со години и се пошегува дека 24 часа не му се доволни за да направи сè.
„Ова е мојот ден од утро до вечер: Се будам околу 8 часот наутро и треба да бидам на тренинг кампот до 8:45. Доаѓам, пијам кафе, го правам тоа што треба да го правам пред тренинг и потоа следува тренинг. Овде во клубот правам закрепнување после тренинг, па доаѓам дома и се одморам во хипербарична комора два часа. Се будам и потоа мојот тим од специјалисти е подготвен да продолжи закрепнувањето. Има и храна,попладне ужина и вечера, суплементи… Се трудам да бидам достапен дома за моето семејство. Секој ден е ист. Тренирам помалку од порано, а повеќе сум посветен на закрепнувањето“, откри тој.
Силва е член на Челси од летото 2020 година, кога на слободен трансфер пристигна од Пари Сен Жермен. Претходно играше за Милан, Флуминенсе, Динамо Москва и Порто. За репрезентацијата на Бразил одигра 113 натпревари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп побара „безусловна капитулација“ од Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп побара „безусловна капитулација“…
Израел нема да прекине додека не го…
Израелската операција против Иран „нема да заврши…
Израел со 60 авиони го нападна Иран
Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…
Израелски тенк пукал во толпа и убил…
Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…