(Фото) Силен земјотрес ја погоди Грција: Ова се деталите
Локалните медиуми јавуваат дека силен земјотрес го погоди утрово местото Прокопиј на грчкиот остров Евија.
Првичните информации велат дека земјотресот бил со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на земјотресот бил на 6 километри источно од Прокопиј, на длабочина од 14,2 километри. Земјотресот е почувствуван и во Атика.
Неколку минути подоцна, во истата област следеше втор земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала, според Екатимерини.
Силните потреси ги соборија производите од полиците на супермаркетите на подот и предизвикаа лизгање на земјиштето на патиштата, пренесува „Прототема“.
Σεισμός στην Εύβοια: Τι λένε οι σεισμολόγοι – Οι πρώτες εικόνες – https://t.co/c4VFtuloeP pic.twitter.com/YasKnDifHX
— libre (@libre_gr) November 3, 2023
Одроните кои се случија се лоцирани на патиштата во близина на епицентарот, во селото Пили.
Како што објави eviaonline, материјална штета е забележана и во Мантуди, каде паднал таванот во зградата, а за среќа нема повредени.
Засега, според Противпожарната служба, нема повици за помош. Има информации за помали одрони на места од Прокопи до Пилос, но патот не е затворен и никој не е заглавен.
Затворен е патот Каки Скала на источната страна на островот кон Егејското Море.
Професорот и претседател на ОАСП, Ефтимиос Лекас, нагласи дека не се знае дали е главниот земјотрес бидејќи феноменот се развива. Имаше најмалку 11 микроземјотреси со јачина од 2 до 2,5 степени според Рихтеровата скала.
Σεισμός στην Εύβοια: Ζημιές, κατολισθήσεις και ανησυχία – Τι λένε οι σεισμολόγοι (εικόνες)https://t.co/S7meMeBJZM #Ευβοια #σεισμος #ant1news pic.twitter.com/QZKuV0LEB5
— Ant1news.gr (@AntennaNews) November 3, 2023
– Областа може да има активност долго време – изјави за eviaonline.
Кога станува збор за децата кои се во училиштата, а наставниците ги изнесоа во дворот, нагласи дека во пошироката област која е во фокусот треба да останат надвор од училниците.
#Earthquake (#σεισμός) possibly felt 19 sec ago in #Greece. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/IbUfG7TFOL
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/7A4V2gR327— EMSC (@LastQuake) November 3, 2023
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Теле било спасено на Китка, ама директорот…
Навистина е спасено теле во пожарот на…
Пожар кај Пробиштип се шири во близина…
Сериозен пожар попладнево избувна во селото Гујновце,…
Иранската државна телевизија емитувала закани до синот…
Иранската државна телевизија емитуваше сегмент на Канал…
Ангелов: Го надлетавме Водно, нема ниту чад…
Штотуку го надлетавме Водно, нема ниту чад…
Средба Сиљановска-Давкова и Славески: Економијата е стабилна,…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со гувернерот…