(Видео) Голем пропалестински собир во Србија, се собраа десетици илјади луѓе
Синоќа десетици илјади граѓани се собраа во Нови Пазар за да ја изразат својата поддршка за Палестина. Многумина со себе носеа палестински знамиња, како и слогани и транспаренти на кои пишуваше „Слободна Палестина“. Според проценките на организаторите и извори од полицијата, присуствувале околу 30.000 луѓе. Во Нови Пазар претежно живеат Бошњаци од муслиманска вероисповед.
Претседателката на здружението Ен-Ниса, која го организираше собирот, Азра Шемсовиќ, рече дека настанот бил организиран од потребата да му се покаже на светот дека иако храброста е да се застане на страната на доброто, на страната на вистината и на на страната на правдата, Нови Пазар е почестен што има храбри, вистинити и чувствителни луѓе. Шемсовиќ изјави дека толку голем број луѓе се собрале само за да ја поддржат Газа и сите Палестинци и гласно да кажат дека убиените деца и цивили никогаш нема да бидат заборавени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…