Објавено на:

Од понеделник стабилизирање на времето

t

Викендов не очекува облачно и посвежо време со врнежи од дожд. Во недела кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд, а потоа до средината на следната седмица ќе настапи стабилизирање на времето, соопшти УХМР. 

Времето утре ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, наместа обилни (над 40 l/m2). Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, локално во форма на невреме со силен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд, повремено поројни. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 16 степени. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доаѓа топол бран од Африка: Температури до…

Пред нас е нов бран на повисоки…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

Метео: Пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и…

Од утре носете си чадор – најави…

Под влијание на циклонска активност утре попладне…

Не заборавајте: Еве кога се поместуваат стрелките…

Менувањето на часовникот се случува двапати годишно…