Кавгата со публиката е „храна“ за Ѓоковиќ!

t

Новак Ѓоковиќ кој синоќа имаше дуел со париската публика, вели дека понекогаш тоа го гледа како храна која му дава дополнителна мотивација во мечот.

Ѓоковиќ по голема борба вчера го победи Холгар Руне со 7-5 6-7 и 6-4 и се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Париз.

Во текот на мечот Ѓоковиќ имаше дуел со публиката, која го исвиркуваше Србинот и скандираше „Роџер, Роџер…“ алудирајќи на тоа дека Федерер е најдобриот тенисер.

По крајот на вториот сет Ѓоковиќ побара да оди во тоалет, тогаш доби свирежи од навивачите, а на нив тој одговори со иронична насмевка.

„Понекогаш мора да останете мирни и да се фокусирате на тоа што следува во мечот. Тоа е најдобрата работа што може да ја направите, но понекогаш добро е и да изреагирате и да се нахраните со таа енергија“, рече Ѓоковиќ по мечот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија дала над 110.000 евра на здруженија…

Од 2023 година, Управата за дијаспора на…

И неговите се свртеа против Еди Рама…

Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…

Претставници на Шкендија Арачиново беснееле во соблекувалната…

Фудбалската федерација на Македонија се огласи по…

1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…

Европските држави ќе одржат воена вежба за…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…