Вулин: Големите сили на Западот сакаа да го соборат Вучиќ
Големите сили на Западот сакаа да го соборат Александар Вучиќ, вели поранешниот директор на БИА, Александар Вулун, пренесуваат српските медиуми.
Тој откри како се одвивал разговорот меѓу него и Вучиќ пред неговата оставка.
„Ми рече дека знам со што се соочувам и остава на мене и на мојата совест да одлучат што ќе правам. Притисоците траат веќе една година, но сега големите сили на Западот сакаа да го соборат Александар Вучиќ, да го намалат бројот на гласови, на овој или оној начин да го оштетат. Сакаат (пред избори) да го намалат на 20 проценти. Да биде дел од владата, но не и одлучувачки фактор. Тие сакаат да го видат слаб, да ја видат неговата политика слаба“, рече Вулин.
Тој посочи дека оставката ја поднел затоа што сметал дека во овој момент нема право да ја жртвува Србија заради својот опстанок на функцијата, на која, како што вели, во спротивно му се заканувале санкции.
„Дадов збор дека ќе ја заштитам Србија. Тоа е она што го направив. Тој штитеше, се бореше против терористичките и криминалните организации, а јас го штитам со тоа што не давам причина за воведување санкции кон Србија“, рече Вулин.
Вулин рече дека и тој и претседателот Вучиќ знаат дека „без слободна Србија нема успешна Србија“.
„Јас и Вучиќ не размислуваме исто за сите работи, но сметаме дека Србија треба да биде суверена. Никогаш не сум ги сменил ставовите. Бев за српскиот свет и пред 10 години и денес. Отсекогаш сум бил евроскептик, противник на НАТО пактот и за братство со Русија и Кина. Ако поради тоа треба да ја поднесам цената, каде да потпишам“, праша Вулин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше…
Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина…
Вучиќ рано утрово објави важна вест за…
Српскиот претседател Александар Вучиќ рано утринава соопшти…
(ФОТО+ВИДЕО) Вучиќ со пет барања до себе…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на вечерашниот…
Вулин: Се води хибридна војна против Србија…
Во моментов се води хибридна војна против…
Вучиќ: Путин нема да се двоуми да…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ испрати алармантна…