Зеленски го покани Трамп во Киев за самиот да ги процени размерите на конфликтот
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од САД поголема помош во борбата против руската агресија и го покани поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Киев за самиот да го процени степенот на конфликтот.
Во интервју за Ен-би-си Зеленски го покани Трамп да ја посети Украина и од прва рака да ги доживее последиците од конфликтот што го почна рускиот претседател Владимир Путин во февруари 2022 година.
Трамп, кој се кандидира за реизбор во 2024 година и е фаворит за претседателската номинација на Републиканската партија, остро ја критикуваше американската поддршка за Киев и рече дека би можел да ја заврши војната за 24 часа кога би бил реизбран.
„Ако може да дојде тука, ќе ми требаат 24 минути за да му објаснам на Трамп дека не може да управува со оваа војна. Не може да има мир поради Путин“, рече Зеленски.
Зеленски рече дека американските војници на крај би можеле да бидат вовлечени во поголем европски конфликт со Русија доколку Вашингтон не ја зголеми поддршката, пренесува Гласот на Америка.
„Ако Русија нѐ убие сите, ќе ги нападне земјите на НАТО, а вие ќе ги испратите вашите синови и ќерки во војна“, рече Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…
(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…
Инцидент каков што ретко се гледа се…
Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…
Заменик претседателот на Советот за безбедност на…
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…
Војната меѓу Израел и Иран ќе има…
Ова ли е тоа тегнење за уши?…
Судот во Струга го прогласи за виновен…