Брнабиќ разговараше со Ши Џипинг: „Кина никогаш нема да го промени својот став за Косово“
Разговорот со Ши Џинпинг помина добро. Претседателот на Кина посочи дека в година ќе дојде во Србија. Тоа е најважно за нашите граѓани. Потврдивме дека Кина никогаш нема да го промени својот став за Косово и дека Србија секогаш ќе ја почитува кинеската политика, изјави премиерката Ана Брнабиќ по средбата со кинескиот претседател, Ши Џинпинг.
Таа рече дека средбата има политичко значење и дека граѓаните на Србија може да бидат горди.
За време на нејзината посета на Кина, која следуваше само неколку недели по потпишувањето на договорот за слободна трговија, Брнабиќ разговараше и со кинескиот премиер, Ли Кијанг.
По средбата со кинеската колешка, Брнабиќ изјави дека меѓу Србија и Кина нема отворени политички прашања нагласувајќи дека имала срдечен и отворен разговор со Ли Кијанг.
Кина ја потврди својата поддршка за принципите на меѓународното право и територијалниот интегритет на Србија, а Србија ја повтори својата поддршка за политиката на една Кина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Украински дронови трета ноќ по ред…
Во масовен бран напади со украински беспилотни…
Почнува судењето против поранешниот вицепремиер Артан Груби…
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска…
ВЛЕН: Артан Груби е пред правдата, а…
Денес „пеењето“ на Бујар Османи добива поинакво…
ЈП „Водовод и канализација“ уверува: Скопската вода…
Водата за пиење во Скопје е безбедна…
Зеленски: Украина никогаш не учествувала во акција…
Украина никогаш не учествувала во операција поврзана…