Еве зошто Спасен Силјаноски е еден и единствен во цела Македонија – и патриот и пејач во исто време
Пејачот направи невидена веселба во Италија, температурата ја крена до максимум.
Пејачот ги развесели гостите
Познатиот фолк-пејач Спасен Силјаноски овој викенд настапи пред нашите иселеници од градот Пјаченца во Италија.
Како што самиот напиша на објавата што ја сподели, салата била преполна и заедно со своите колеги рушат рекорди.
И додека тој ги пееше своите бројни хитови како и најпознатите македонски песни, гостите се веселеа заедно со него.
Неговиот хит „Ќе ти дојдам вечер“ посебно ги воодушеви сите и ги крена гостите на нозе, па се направи големо оро.
Оние што беа на забавата се снимаа со мобилните телефони и бројни снимки испливаа на социјалните мрежи, а оние што Спасен ги објави на својот Инстаграм профил може убаво да се види како веселбата изгледаше од бината, додека пејачот даваше сé од себе да ги развесели гостите и да ги фрли во транс.
Инаку, Спасен неодамна во интервју за една наша телевизија зборуваше за една непријатна случка што му се случила на една македонска свадба.
Како што самиот истакна, бил изненаден кога младенците му дале список со песни на кои 90 % биле на српски јазик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иранските војници на југот добиле заштитна опрема…
Иранските воени единици распоредени во јужните делови…
Учебник по македонски јазик за шесто одделение…
Македонски учебник стана тема за расправа во…
Сателитски снимки покажуваат огромен пожар во близина…
Голем пожар и густ црн чад се…
Иран лансираше противбродски балистички ракети од југот…
Иран вечерва лансираше противбродски балистички ракети од…
Ирански медиуми неколку часа пред инцидентот предупредиле…
Само неколку часа пред денешниот сериозен авијациски…