Вулин за оставката: Се закануваа со санкции, не сакав да ја жртвувам Србија за функцијата

t

Александар Вулин, донеодамнешниот шеф на српската Безбедносно-информативна агенција (БИА), кажа дека од првиот ден на неговото именување за директор на разузнавачката агенција имало притисоци.

Вулин кажа дека самиот одлучил да поднесе оставка и дека тоа не го направил некој друг. Додаде дека за тоа го информирал претседателот на Србија Александар Вучиќ.

„Тој ми кажа дека знае што бараат од нас и какви се заканите. Ми кажа дека остава на мене и мојата совест да одлучам што ќе направам. Сега големите сили на Западот одлучија, пред изборите, да се обидат да го урнат Александар Вучиќ, да му го намалат бројот на гласови и да го оштетат“, оцени Вулин.

Според Вулин, заканата со санкции на Србија, не само што нема смисла, туку е злонамерна.

„Смислена е само со идеја Вучиќ повеќе да не биде одлучувачки фактор во Србија. Сакаат да го видат ослабен, како и неговата политика. Поднесов оставка бидејќи сметав дека немам право да ја жртвувам Србија за јас да останам на функција. Нема да им дадам повод да ѝ воведат санкции на Србија“, изјави Вулин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕК: Србија и Косово ризикуваат да загубат…

Србија и Косово треба конструктивно да се…

Унгарија и Србија го градат најмодерниот и…

Унгарија и Србија го градат најмодерниот, најголемиот,…

Земјотрес рано утрово во Србија

Денеска во 07:37 часот земјотрес со јачина…

Дачиќ за 9 мај: Не смееме да…

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на…

Кинескиот претседател од Белград: Кина ќе работи…

Претседателот на Народна Република Кина, Си Џингпинг,…