Лајчак од Косово: Договорени се следните чекори
Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, вечерва се сретна со првиот вицепремиер на привремените институции во Приштина, Бесник Бислими, со кого, како што најави, ги договорил следните чекори.
Лајчак на социјалната мрежа Х изјави дека со Бислими разговарал за продолжување на имплементацијата постигната на последната средба во Брисел и за потребата од целосна имплементација на Договорот за патот кон нормализација на односите.
Како што посочи, потребна е имплементација „без одлагање и предуслови“.
„Само што имав средба со првиот вицепремиер Бесник Бислими како дел од продолжението на неодамнешната средба со европските лидери во Брисел. Разговаравме за потребата од целосна имплементација на Договорот за патеката за нормализација без одлагање или предуслови. Се договоривме и за следните чекори“, рече Лајчак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косово: Селекцијата на депортираните од САД ќе…
Привремената косовска влада објави дека изборот на…
Вучиќ: Го запираме целиот извоз на оружје!
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека…
Кремљ до Белград: Згазивте векови старо братство…
Според прес-бирото на Службата за надворешно разузнавање…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…