(Видео) ОВА Е ПЛАНОТ НА НЕТАНЈАХУ ЗА ГАЗА: Ништо нема да биде исто по војната
Израелскиот премиер објави кој ќе владее со Појасот Газа по завршувањето на војната со Хамас.
Според него, токму Израел ќе ја сноси целосната одговорност за безбедноста во Газа на неодредено време по завршувањето на војната со Хамас, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за ABC News.
– Газа треба да биде управувана од оние кои не сакаат да продолжат по патот на Хамас – рече Нетанјаху.
Потоа посочи дека неговата земја ќе има одговорноста за безбедноста во Газа.
– Мислам дека Израел ќе има целосна одговорност за безбедноста на неодредено време. Кога ја немаме таа безбедносна одговорност, она што го имаме е ерупција на теророт на Хамас од размери што не можевме ни да ги замислиме – рече тој. Тој повтори дека Израел нема да дозволи генерален прекин на огнот додека Хамас не ги ослободи сите заложници.
Сепак, Нетанјаху рече дека е подготвен за кратки паузи.
– Што се однесува до тактички мали паузи, еден час овде, еден час таму, ги имавме претходно. Ќе ги провериме околностите за да дозволиме влез на хуманитарна стока или да дозволиме излез на нашите заложници. Но, не мислам дека ќе има општ прекин на огнот – рече тој.
Нетанјаху се осврна и на улогата на Иран и на милитантната група Хезболах поддржана од Техеран, предупредувајќи ги да не се мешаат.
– Мислам дека сфатија дека ако тргнат во војна на значаен начин, одговорот ќе биде многу, многу силен и се надевам дека нема да ја направат таа грешка – изјави Нетанјаху за ABC.
Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД Џон Кирби ја коментираше изјавата на израелскиот премиер.
– Она што ние го поддржуваме е дека Хамас повеќе не може да ја контролира Газа. Разговараме со нашите израелски колеги за тоа како треба да изгледа владеењето во Газа по конфликтот и не верувам дека било постигнато решение на еден или на друг начин – кажа тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека…
Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија…
Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија…
Државата со нов план за побезбеден сообраќај:…
Состојбата на македонските патишта е сериозен проблем…
Русија подготвува огромен потег по изборите, Зеленски…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Киев…
Иран пронајде богатство под земја! Откриено гасно…
Иранскиот министер за нафта Мохсен Пакнеџад денес…