Капитенот на Фиорентина чистеше улици по поплавите во Тоскана

t

Капитенот на Фиорентина, Кристиано Бираги, е забележан како помага во напорите за расчистување по разорните поплави во Тоскана предизвикани од бурата Сиаран во текот на минатата недела.

Во регионот на Тоскана во четвртокот беше прогласена вонредна состојба откако шест лица ги загубија животите како последица на поплавите.

Утрото по поразот на Фиорентина од Јувентус со 1:0 на домашен терен, Бираги, кој ги одигра сите 90 минути, беше фотографиран во жолти чизми и гумени ракавици како помага да се расчистат улиците во Кампи Бизенцио во близина на неговиот дом. Кампи Бизенцио е населено место околу 10 километри од Фиренца, на половиона пат северозападно кон Прато.

Според извештаите, Бираги самоволно го поминал утрото со лопата собирајќи кал.

31-годишникот беше наголемо фален откако сликите се појавија на интернет, бидејќи излезе на улиците без помпа и без однапред планирано медиумско внимание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црна Гора во пламен: Пожари беснеат во…

Пожари се активни во пет општини во…

Кисела Вода има прилив на првачиња и…

Кисела Вода е општина што има прилив…

Мицкоски: Ширењето паника за водата во Скопје…

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ширењето информации…

Автобус со 84 српски туристи излетал од…

Автобус со 84 патници, сите државјани на…

Спречен нов масовен обид за илегален влез…

Мароканската полиција уапси најмалку 111 лица кои…