НИЕ ЌЕ ЧЕКАМЕ? Дипломатски извори: ЕУ утре ќе предложи почеток на преговорите со Украина и Молдавија?!
Европската комисија утре ќе предложи почеток на преговорите со Украина и Молдавија „откако ќе ги исполнат поставените услови“, а можно е и со Босна и Херцеговина, која е единствената земја од Западниот Балкан покрај Косово, која се уште го нема започнато преговарачкиот процес со Унијата.
Според дипломатски извори, препораките за Украина и Молдавија би значеле дека тие би можеле да ги почнат преговорите за членство уште во текот на следната година.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, што се однесува до БиХ засега има резерви кај дел од членовите на ЕК, но и кај некои европски дипломати, кои сметаат дека земјата бележи назадување во однос на владеењето на правото.
Европски дипломат во изјава за „Политико“ посочи дека на БиХ и беше доделен кандидатски статус под претпоставка дека тоа ќе ги поттикне реформите, но оттогаш има само влошување на состојбите со владеењето на правото и на севкупната политичката ситуација во земјата.
„Како можеме сега да решиме да ги започнеме преговорите со нив, а да очекуваме од другите земји кандидати ревносно да ги спроведуваат своите реформи“, посочи неименуваниот дипломат.
Европската комисија утре треба да ги усвои пакетот за проширување и да ги објави извештаите за напредокот на секоја од кандидатите за членство во ЕУ за 2023 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…