38 НАПАДИ на американски воени бази во Ирак и Сирија: Има тешко повредени војници!
Американските воени бази во Ирак и Сирија биле погодени 38 пати од 17 октомври, соопшти денеска Пентагон.
Повеќето од нападите се извршени со ракети и беспилотни летала, а се верува дека зад нив стојат милитантни групи поврзани со Иран, изјави портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер, пренесе Би-би-си.
Најмалку 45 американски војници се повредени во овие напади, од кои 24 се тешко повредени, се вели во соопштението на Пентагон.
Рајдер изјави дека САД во моментов имаат четири главни цели на Блискиот Исток, кои, според него, се заштита на американските сили и граѓаните во регионот, обезбедување „витална безбедносна помош“ за одбраната на Израел од нападите на Хамас, помагање на Израел да ослободи заложници и натамошно зајакнување на позицијата на „државата моќ“ во регионот, со цел да се спречи ширењето на конфликтот надвор од Појасот Газа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…
Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…
Маск најави акции од „Спејс-екс“ за секое…
„Спејс-Екс“ (SpaceX) на Илон Маск и технолошката…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…