За брзо возење казнети 259 лица
Во текот на вчерашниот ден (07.11.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 259 возачи. Од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 129 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 130 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Девет лица се уапсени под сомнение за…
Девет лица се уапсени на северот во…
Инцидент во близина на воена база во…
Британската полиција соопшти дека уапсила неколку мажи…
Вандализирано детско игралиште во Карпош 1
За жал, повторно сме сведоци на вандализам…
Македонија ја посетиле 741.446 туристи за 7…
Македонија во првите седум месеци од 2026…
Кај гостиварец и тетовец пронајдена марихуана
На 26.09.2026 во 12:30 часот на ул.„Мара…