Израел: Пронајдновме и уништивме околу 130 тунели на Хамас
Израелските одбранбени сили соопштија дека војниците пронашле и уништиле околу 130 тунели во Појасот Газа од почетокот на копнената операција минатиот месец.
Војниците на борбените инженерски сили работеа на расчистување на патиштата за копнените сили за маневрирање, лоцирање и уништување на средствата на Хамас, вклучувајќи тунели и ракетни фрлачи.
Израелсите сили велат дека војниците на 460-та бригада со инженерски сили пронашле голем број влезови во тунел до структура со батерии за автомобили, за кои се смета дека се поврзани со системот за филтрирање на воздухот во тунелот.
Во меѓувреме, силите на пешадиската бригада Нахал зазедоа тренинг камп на Хамас во северниот дел на Газа.
Израелските сили велат дека војниците нашле место каде што оперативците на Хамас подготвиле оружје и храна за да извршат напад. Во рамките на кампот се пронајдени и неколку влезови во тунели.
Сите тунели се уништени, додаваат од Израел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел уби висок командант на Хамас во…
Израелската армија во петокот соопшти дека убила…
Израел да се повлече од Либан, а…
Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната…
Нетанјаху: Иранскиот режим е на пат да…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска, за време…
Израел го затвора британскиот конзулат во Источен…
Израел денеска соопшти дека ќе го затвори…
Најмалку четворица загинати и 20 повредени во…
Израелската армија ја нападна и уништи болницата…