Град Скопје заврши со изградбата на улицата „Васко Карангелески“ во Аеродром

t

Завршена е изградбата на улицата „Васко Карангелески“, проект со чија реализација се овозможува сообраќајно поврзување на три главни булевари во општина Аеродром. 

– Со изградбата на улицата жителите на овој дел од Скопје добиваат ново сообраќајно поврзување помеѓу булеварите АСНОМ, Јане Сандански и Трета македонска бригада, со што значително ќе се намали сообраќајниот метеж со кој беа секојдневно соочени жителите на Аеродром. Ваквите сообраќајни решенија покрај својата основна функционалност ја зголемуваат безбедноста и сигурноста за сите учесници во сообраќајот – истакна градоначалничката Арсовска. 

Арсовска додаде дека овој проект претрпе повеќе измени за да се зачувува зеленилото,  бидејќи во претходниот проект беше предвидено сечење на дрворедот по целата должина на улицата. 

– Со промените коишто ги направивме во проектот, над 100 дрвја беа зачувани, а со специјална машина за пресадување на дрвја се пресадија повеќе здрави дрвја на потегот кај основното училиште „Љубен Лапе“ и на локација на самата крстосница. Деновиве во рамките на есенската акција по должината на улицата се засадени 825 нови садници – додаде Арсовска.

Со ова целосно ново булеварско решение и поврзување со две коловозни ленти во двата правци, во должина од 1.100 метри и вкупна површина од 10.600 квадратни метри улицата има нови пешачки и велосипедски патеки од двете страни, како и ново јавно осветлување, а на дел од трасата на улицата се изгради нова атмосферска канализација.

Одделение за односи со јавност
Град Скопје

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Жена влезе гола во фонтана во…

Необична сцена ги изненади минувачите во скопската…

Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…

Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…

Водата во Скопје е исправна за пиење,…

Водата во Скопје е безбедна и ги…

Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица…

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…

Повеќе лица меѓу кои и две жени…

Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…