Рама: Договорот за прифатни центри за мигранти не го потпишавме за да влеземе во ЕУ, туку да и помогнеме на Италија

t

Албанскиот премиер Еди Рама, договорот за прифаќање илегални мигранти во неговата земја, не го потпишал за Албанија да влезе во Европската унија, туку да и помогне на Италија.

– Ова не го направивме затоа што Италија ќе ни ги отвори преговорите. Отворањето преговори и влезот во Европската унија не се случува така. Не е точно дека Италија вели земи три илјади мигранти и ќе те пуштиме во ЕУ. Во каков свет живееме, треба да бидеме посериозни кога разговараме за овие прашања. Ова прашање ми е многу комплицирано, не можам да најдам никаков одговор за протокот на имигранти кои доаѓаат преку море во Италија и сакаат да влезат во ЕУ, никој не најде решение, нема како да се реши ова, изјавил Рама за „Раи Њуз 24“.

Шефот на албанската Влада во интервјуто оценува дека „мора да се најде средна линија за да се третираат сите луѓе како еднакви”.

– Ние сме многу мали за да им кажеме на големите што да прават, но подготвени сме кога Италија ќе побара помош од нас да ја дадеме. Италија е голема земја, не можеме да си дозволиме на Италија да и држиме лекции, додал Рама.

За друг италијански медиум, односно  весникот „Либеро квотидијано“ Рама изјавил дека Албанија го прави овој договор не за да добие предности, туку за да и помогне на Италија, земја која по падот на тоталитарниот режим им ја отвори вратата на многу Албанци.

Според договорот на албанска територија, поточно  пристанишниот град Шенѓин и во Ѓадер, Италија ќе гради прифатни центри со капацитет од три илјади мигранти месечно, кои по пристигнувањето во Италија ќе бидат префрли во Албанија, каде ќе чекаат одговор на барањата за азил.

Албанската опозиција остро реагираше во врска со овој договор оценувајќи го како штетен по националната безбедност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама: Албанија нема претензии кон Грција

Албанија нема претензии кон Грција, рече премиерот…

Фон дер Лајен: Патот на Македонија кон…

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер…

Грчкиот МНР: Патот на Македонија кон ЕУ…

Во однос на Македонија, повеќепати нагласив дека…

Димитров: Албанија нема да има ништо против…

Македонија го избра парадоксот на комбинирање на…

Албанија донесе национална стратегија за враќање на…

Официјалните податоци на МВР и ИнСтат покажуваат…