Објавено на:

Ситуацијата со долгот на Америка рапидно се влошува

t

Задолжувањето на САД оваа година е на исто ниво како за време на пандемијата кога САД мораше да ја одржува целата економија која беше практично затворена поради карантините и затворените бизниси. Но сега ситуацијата е многу поразлична целата економија и сите бизниси се отворени, но задолжувањето не престанува да расте, а Федералните резерви продолжуваат да ги зголемуваат каматните стапки, за разлика од каматната стапка за време на пандемијата кога истата беше практично нула, сега каматната стапка е скоро 5%.

За разлика од времето на пандемијата кога каматните стапке беа близу нулата и задолжувањето не изгледаше многу скапо, денес каматните стапки се ското 5% и задолжувањето е најскапо во последните 50 години, но сепак тоа не ја спречува САД да продолжи со енормното задолжување. Моментално само каматата на долгот на САД е над еден трилион долари годишно што е 4% од годишниот американски БДП, и е дуплирано за година и пол. Каматите на долгот кој САД мора да ги плати на доверителите за годинава се дури 16,3% од целиот федерален буџет за оваа година.

Доверителите или тие што имаат амаериканси државни обврзници поради лошиот фискален и финансиски менаџммент на владата на САД трета година по ред се во загуба и не се волни да купуваат нови државни обврзници, преку кои владата на САД го сервисира минатиот долг.

Инфлацијата останува да биде голем проблем и покрај повисоките каматни стапки и трендот на инфлација нема намера да се запре. Оваа година само министерството за финансии на САД се задолжило за 500 милијарди долари за да го сервисира долгот не рачунајќи ги другите министерства и агенции на САД кои исто така се задолжуваат за да ги сервисираат своите активности и програми.

Екпертите предупредуваат дека оваа лоша слика со финансиите на САД ќе доведе до финансиски крах многу полош и поопасен од крахот во 2008-мата година бидејќи овој пат нема само да крахира пазарот на недвижнини, туку целиот пазар на државни обврзници кои се темел на финансиската структура на САД и на целата економија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон го покани Путин на „Денот Д“…

Претседателот на Франција, Емануел Макрон го покани…

Мицотакис повторно предупредува: Ќе имате проблеми со…

Сакам уште еднаш да упатам предупредувачка порака…

Путин: Америка ја сече гранката на која…

Со воведувањето санкции кон Русија, американските власти…

Бугарија е најголема закана за Македонија –…

Балканските земји се сметаат за непријатели, покажува…

Воздухопловните сили на САД распоредија ловци Ф-22…

Воздухопловните сили на САД распоредија неколку стелт-ловци…