Објавено на:

Египет го отфрли предлогот на ЦИА за привремено управување со Газа

t

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси, наводно, го отфрлил предлогот на директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс, Каиро да го преземе привременото безбедносно управување во Појасот Газа по војната, додека Палестинската управа не биде подготвена да ја преземе власта, пренесува „Тајмс оф Израел“ повикувајќи се на американски медиуми.

Сиси му соопшти на Барнс дека Египет нема да игра улога во елиминацијата на Хамас, кој ја држи власта во Појасот Газа, бидејќи палестинските милитанти допринеле границата на Египет со енклавата да се одржи релативно мирна во последниве години, изјавија високи египетски официјални лица за Волстрит џурнал под услов на анонимност.

Египетскиот претседател и директорот на Централната разузнавачка агенција се сретнаа во вторник во Каиро за да разговараат за воената операција на Израел во Појасот Газа, соопшти египетското претседателство.

За време на средбата, Сиси го повтори повикот за итен прекин на огнот за заштита на цивилите и за „непречен проток на хуманитарна помош“, изјави портпаролот на египетскиот претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија испраќа 900 тони хуманитарна помош за…

Владата на Република Србија денеска испрати втор…

Белгиската телевизија го прекина настапот на Израел…

Белгиската телевизија VRT престана да го емитува…

Бајден: Ќе ја прекинеме испораката на оружје…

Американскиот претседател Џозеф Бајден во средата за…

Борел: Во Газа се оствари најстрашното сценарио…

Според шефицата на Светската програма за храна…

Израелско воено радио: Армијата почна да ги…

Израелската армија (ИДФ) почна да ги евакуира…