Објавено на:

Две еврејски училишта нападнати во Монтреал!

t

Две еврејски училишта синоќа биле мета на пукотници, соопшти денеска полицијата во Монтреал.

Припадниците на училишниот персонал откриле дупки од куршуми на фасадите на училиштата, но во текот на ноќта, во моментот на нападот, во нив немало никој, пренесува АП.

Канадскиот премиер Џастин Трудо одговори на пукањето, велејќи дека Канаѓаните мора најостро да го осудат насилниот антисемитизам.

„Не сме ние, не сме Канаѓаните. Ние сме земја која успеа подобро од која било друга во разбирањето и почитувањето на различните перспективи, рече Трудо.

Премиерот на Квебек Франсоа Лего изјави дека тоа што се случило во училиштата не може да се толерира.

Во средата три лица беа повредени, а едно беше уапсено на Универзитетот Конкордија во Монтреал по неколку инциденти за кои полицијата рече дека се поврзани со војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јаневска: По случајот во Ѓорче Петров, наместо…

Наместо ученици, отсега во училишните ходници и…

Пијан маж праќал лажни дојави за бомби…

Педесетгодишен маж од Дубровник во алкохолизирана состојба…

(Видео) Силно невреме во Хрватска: Затворени училишта,…

Силни ветрови дуваа цела ноќ во Загреб,…

И денес дојави за бомби во основните…

Утрово дојави за поставени бомби пристигнале во…

Лажни дојави за бомби во две училишта…

Во две приватни училишта во Скопје и…