Лукаревска не признава: Не би се согласила дека е лош извештајот од Европската комисија
Потпретседателката на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска е гостинка во „Клик Плус“ на ТВ21.
Лукаревска најпрво го коментираше извештајот на Европската комисија.
Се создава перцепција за лош извештај, што не би се согласила затоа што има и други поенти позитивни кои треба да се споделуваат, и нормално треба да ги детерминираме слабостите и предностите. Јавноста знае дека во 2015/2016 година бевме заробена држава, а сега веќе можеме слободно да делуваме. Во тој дел имаме голем напредок, и тоа не смееме да го заборавиме. Треба да имаме во предвид еден важен момент во рамките на тој извештај дека Владата и администрацијата мобилизираа драстични ресурси и активно учествува во скрининг процесот. Ова значи дека сме ја завршиле работата, но има уште многу да работиме… Она кое во рамки на извршната власт е да носи реформи и да прави резови онаму каде што е потребно и каде има ингеренции. Во судската власт не смее да се меша, и таму треба да има реформи, дури имало соодветни инсистирања од наша страна за реформи, изјави Лукаревска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…