Објавено на:

Доаѓа влажен бран – некаде дожд, некаде снег и силен пад на температурите: Метеоцентар со детална прогноза

t

Од денес под влијание на нов влажен бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои повисоките планини повремено ќе преминуваат во снег. Наместа ќе има пообилни врнежи, а во сабота и локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Променливо облачно со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во ноќните часови кога на повисоките планини ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 11.11.2023
Минимална температура: 6°C до 13°C
Максимална температура: 13°C до 19°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално поројни проследени со појава на грмежи. На повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 12.11.2023
Минимална температура: 1°C до 9°C
Максимална температура: 11°C до 17°C

Променливо облачно со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во ноќните часови кога на повисоките планини ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 13.11.2023
Минимална температура: 1°C до 8°C
Максимална температура: 10°C до 16°C

Променливо облачно, претпладне со локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗНАМ И ДПМНЕ ПОБЕГНАЛЕ ОД СЕДНИЦАТА! Успешен…

*Успешен третиот обид на Левица за надзорна…

Скопјанец со возило сакал да ја прегази…

Уште еден случај на семејно насилство во…

Први ефекти од војната меѓу Израел и…

Се уште е неизвесно дали воениот конфликт…

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…