[ФОТО/ВИДЕО] Најново видео од појасот Газа: Израелците 10 часа се бореле со Хамас и Исламскиот џихад, во зори паднала претстражата 17

t

Израелските одбранбени сили (ИДФ), како што официјално се нарекува војската на таа земја, објавиле дека припадниците на пешадиската бригада Нахал го освоиле упориштето на Хамас, познато како „претстража 17“ во западниот дел на Џабалија во Појасот Газа.

Емануел Фабијан, воен дописник на „Тајмс оф Израел“, утринава на социјалната мрежа „Х“ (поранешен „Твитер“), објавил видео од израелската војска по битката, која, судејќи според видеото, завршила во мугрите по десет саати борба.

Се наведува дека ИДФ објавиле дека израелските војници се борат против оперативците на Хамас и Исламскиот џихад кои биле „на земја и на подземната рута во таа област“.

Фабијан во текстот за „Тајмс оф Израел“ навел дека трупите го зазеле упориштето по борбите во тунелите.

Од ИДФ е соопштено дека се убиени „десетици терористички оперативци“, но не е соопштено дали имало загуби на израелската страна.

Израелската војска, исто така, објавила дека лоцирала многу непријателски оружја и открила влезови во подземни тунели, вклучително и оној кој бил покрај градинка.

ИДФ соопштиле дека „значително количество“ борбени ракети на Хамас биле пронајдени на претстражата 17.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…