Ѓоковиќ и официјално стана најкомплетен тенисер на сите времиња!

t

Србинот Новак Ѓоковиќ и официјално стана единствениот тенисер во историјата на овој спорт кој има победнички процент од најмалку 80-отсто на сите три подлоги, како и на затворено односно на отворено.

Со петте победи на мастерсот во Париз, тој ја надмина границата од соништата на средбите играни во затворен простор и стана првиот во опен ерата на тенисот кому му успеало да биде до толку успешен во споменатите пет категории. Ѓоковиќ во француската престолнина пристигна со скор 187-48 на средбите во сали, што е 79,6 отсто успешност, но со победите над Ечевери, Грикспор, Руне, Рубљов и Димитров ја освои титулата и воедно ја надмина границата од 80-отстотна успешност.

Следниот најмал побендички скор на српскиот тенисер е на земјена подлога (80,4-отсто), по што следи голем скок кога се во прашање натпреварите на отворено (84,5-отсто), бетон (84,9-отсто) и трева (85,8-отсто). Четири тенисери имаат победи на најмалку 80-отсто од одиграните средбите во четири од овие пет категории, меѓу кои се Бјорн Борг, кому му недостига успех на бетон, Џими Конорс и Роџер Федерер, кои ја немаат надминато границата на земјена подлога, како и Иван Лендл, кој не беше до толку успешн на средбите на трева.

Ѓоковиќ има и најголем процент на победи во кариерата со 83,7отсто (1.082-211) пред Рафаел Надал (82,9-отсто). Пред него сега е завршниот мастерс-турнир во Торино, каде може да ја освои рекордната седма титула и по осми пат да ја заврши годината на врвот на АТП листата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црна Гора во пламен: Пожари беснеат во…

Пожари се активни во пет општини во…

Кисела Вода има прилив на првачиња и…

Кисела Вода е општина што има прилив…

Мицкоски: Ширењето паника за водата во Скопје…

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ширењето информации…

Автобус со 84 српски туристи излетал од…

Автобус со 84 патници, сите државјани на…

Спречен нов масовен обид за илегален влез…

Мароканската полиција уапси најмалку 111 лица кои…