Ѓорческа блескаше – со еден загубен гем до полуфинале на челинџерот во Ираклион!

t

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, со фантастична игра и голема доминација денеска ја совлада Кристина Дину (6-0, 6-1) и се пласира во полуфиналето на челинџер-турнирот во грчкиот град Ираклион.

За Македонката ова беше четврти триумф во шестиот меѓусебен меч со Романката, а утре ќе ја одигра седмата полуфинална пресметка во 2023 година. Противничка ќе ѝ биде втората носителка Екатерина Макарова (Русија), која денеска ја победи Кристина-Андреа Мицу од Романија со 7-6, 6-2. Ѓорческа и Макарова имаат одиграно еден меч, минатата година во финалето на фјучрсот во Ираклион, а победи Русинката по голема борба и меч во три сета (6-4, 5-7, 7-5).

Во второто полуфинале на турнирот ќе играат првата носителка Бренда Фрухвиртова (Чешка) и Леире Ромеро Гормаз од Шпанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Португалија протести поради трошоците за живот…

Неколку движења за правата на станарите и…

Уапсени маж и жена од Кочани, во…

МВР информира дека се лишени двајца сопружници…

Над 400 оброци за граѓаните на кои…

По повод Светскиот ден на борба против…

Од употреба се повлекуваат 14 учебници за…

Националната комисија за учебници одлучи да повлече…

27-годишна скопјанка повеќе од еден месец била…

27-годишна девојка пријавила дека повеќе од еден…