Детали за пожарот во Дебрца: Загина 77-годишна жена, во куќата биле и нејзиниот сопруг и сестрата
Седумдесет и седумгодишна жена (Б. Н.) е жртвата на пожарот што избувна во куќа во селото Требеништа, општина Дебрца.
Според информациите од охридската полиција, во куќата се наоѓале и нејзиниот 79-годишен сопруг и нејзината 70-годишна сестра, која добила повреди и со возило на итната медицинска помош била пренесена во Општата болница во Охрид.
Во гаснењето на пожарот интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, а увид на местото извршила екипа предводена од јавен обвинител.
Засега нема информации за причината за пожарот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТРАМП НАЈАВУВА МОЖНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО…
Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва испрати ново…
Мерц повика на единство на владејачката коалиција…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на…
Бразил пред тесен изборен финиш: Болсонаро со…
Бразил во недела, на 25 октомври, избира…
Вашингтон барал од Маск да го вклучува…
Администрациите на Џо Бајден и Доналд Трамп…
Хутите тврдат дека извршиле голем напад врз…
Јеменските Хути соопштија дека извршиле широка операција…