Без коментар … Убиецот на таткото во Драчево, пуштен на пробен домашен престој од психијатриската болница „Бардовци“

t

Синот, кој до смрт го избоде својот татко во семејниот дом во скопско Драчево, два пати претходно бил хоспитализиран во психијатриската болница „Бардовци“, дознава порталот „Скопје 1“.

Според порталот, тој убиството го извршил по шест дена откако бил пуштен од болница. Директорот на болницата Мухсин Арифи изјави за Мета.мк дека нивниот пациент бил доброволно хоспитализиран и дека доброволно ја напуштил болницата.

„Беше пуштен на пробен престој дома и земен од страна на таткото. Тој доброволно влезе и доброволно ја напушти болницата“, изјави Арифи.

Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство потврдија дека во вторникот 28-годишник го убил својот татко, 75-годишниот Б.П. во семејниот дом во скопската населба Драчево.

За 28-годишникот е изречена мерка притвор по барање на Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…

Бугари на големо купуваат имоти на Халкидики!

Бугарите плаќаат значителни суми за купување недвижности…