Криминалот и нарачаниот прогон Катица Јанева го покриваше со наводни политички притисоци – Беса Адеми тргна по нејзин пат
Помина цела недела од скандалозното, политичко интервју во кое претседателката на Врховниот суд обвини за некакви политички притисоци, а јавноста не слушна ниту кој ги правел тие притисоци, ниту врз кого се правени, ниту за што биле правени тие притисоци.
После политичкото интервју за еден од електронските медиуми кое не доликува за еден судија, Беса Адеми се сокри од јавноста.
Иако беше поканета од Судскиот совет да го објасни својот настап и да ги објасни наводите, доколку има аргументи, таа одлучи да демонстрира самоволие и непочитување на институцијата, па си се среќаваше со невладини организации наместо со телото кое што ја избира и кое е надлежно да ги штити судиите од какво било влијание.
Иако и студент на правен факултет знае дека секое влијание врз судија е кривично дело, претседателката на Врховниот суд не поднесе кривична пријава до надлежното јавно обвинителство и не приложи никаков доказ во полза на тврдењата, што остава сомнеж дека некој од страна, заради политички мотиви го нарачал и договорил нејзиното скандалозно интервју.
Во скандалозното интервју дадено минатиот петок, без никаква процедура, Адеми сама носеше заклучоци дали аболициите доделени од поранешниот Претседател Ѓорге Иванов биле валидни или не, обидувајќи се да најде причина за да спречи постапување на останатите судии и носење на начелен став на Врховниот суд по прашањето.
Каде што застана Катица, продолжи Адеми
Катица Јанева која заврши како библиотекарка во затворот Идризово, издржувајќи долгогодишна казна, своето постапување исто така го правдаше со паушални обвинувања за политички влијанија. Додека Катица Јанева непропорционално се богатеше, а целата јавност говореше за рекет и извршување на политички нарачки, тогашниот прв човек на СЈО се обидуваше прстот да го впери кон сите останати кои наводно постапувале политички.

Катица успеа да предизвика штета со паушалните обвинувања, но не успеа да го сокрие сопствениот криминал, па мораше да седне на обвинителна клупа, бидејќи ниту тогашниот премиер Зоран Заев не можеше да ја спаси од одговорност.
Потоа следуваше и нејзино паушално обвинение дека исто како и Беса Адеми, трпела политички притисоци.
Јас сум Катица Јанева, единствен специјален јавен обвинител, единствена во Македонија, која од чисто заљубување во правдата самата се пријавив и доследно до последниот ден додека не ме разрешија. Јас сум единствен обвинител кој е веднаш разрешен и отпуштен од работа. Трпев многу влијанија од политичките партии за разни одлуки. Сметаа дека јас како провинцијална која не познава право, ќе дозволам да влијаат на моите одлуки, па по четири години, ја извртеа работата и го конструираа овој небулозен предмет ‘Рекет’ и со моите драги колешки, за да бидам осудена на казна затвор, изјавуваше тогаш Јанева.

Беса Адеми минатиот петок се промовираше како политичка ѕвезда, наместо да се промовира како прв човек во судството. Таа пракса ја започна нејзината колешка Катица Јанева.

Институциите сеуште молчат за самоволието на Беса Адеми
Наместо првиот човек на судската власт да биде пример за почитување на институциите, законите и процедурите, Беса Адеми демонстрираше крајно понижувачки однос кон Судскиот совет. Како што политички ја отвори темата преку интервју, така политички и одлучи преку јавна преписка да одбие средба со членовите на советот кој ја избраа на функцијата.
Една недела подоцна, молчи Адеми, но молчат и институциите и покрај бројните сомнежи околу имотот со кој што располага Беса Адеми.

Според првичните проценки, само имотот кој што официјално го пријавила Беса Адеми вреди и до милион евра, пари кои тешко се зараборуваат во државна служба. Најиндикативно во нејзиниот анкетен лист е тоа што како имот на брачен другар пријавува орочен денарски депозит во висина од 160 000 евра, а освен тоа ја пријавува и формата ТП Атиља Адеми – Скопје за која не доставува буквално никакви податоци. Нема податок колку е вредна фирмата во сопственост на нејзиниот брачен другар,, нема податок со кои други фирми е поврзана, нема податок со какви дејности се бави.
Според анкетниот лист таа поседува два стана во Скопје со вкупна големина од 350 квадрати кои чинат околу 750 000 евра. Адеми пријавила дека поседува стан во Албанија кој наводно чинел околу 50 000 евра и една куќа од 113 квадрати со двор од 1000 квадрати во Љуботен. Како имот пријавила орочен депозит на нејзиниот сопруг ви висина од околу 170 000 евра и две возила. Едното возило е Опел Астра, но затоа прикрила во анкетниот лист какво е другото возило.
На правосудството не му треба уште една катица Јанева, но не е јасно кој е мотивот за непостапувањето на институциите по однос на сите наводи за Беса Адеми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ШПИОНСКИ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ „НВИДИА“: Директорот призна…
Извршниот директор на американскиот технолошки гигант „Нвидиа“,…
Брнабиќ предупреди на дестабилизација на Србија
Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана…
Отворена истрага против 24-годишниот напаѓач од Краков:…
Обвинителството во Краков денеска отвори истрага против…
Зошто странски фирми заминуваат од Србија: Во…
Странските компании како „Дрексел мајер“ и „Астер…
НОВ УДАР ВРЗ УКРАИНСКАТА ЕНЕРГЕТИКА: Над 600.000…
Повеќе од 600.000 луѓе останале без електрична…