Објавено на:

Нетанјаху: Израел ќе ја контролира Газа и по војната

t

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека војската (ИД) ќе остане во Газа по војната, неколку часа откако за Фокс њуз кажа дека Израел не сака повторно да го окупира или да управува со Појасот Газа.

„Силите на ИД ќе продолжат да го контролираат Појасот (Газа), нема да им го дадеме на меѓународните сили“, им рекол Нетанјаху на градоначалниците на југот, изјавил неговиот портпарол, а пренесе Тајмс оф Израел.

Американските власти во последниве недели посочија дека постои идеја некоја меѓународна сила, веројатно со војници од соседните арапски сојузници, да управува со Појасот Газа додека не се врати во функција на палестинската влада.

Сепак, во коментарите до јужните градоначалници, Нетанјаху се чини дека целосно ја отфрла таа идеја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел го уби шефот за финансии на…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…

Кац: Израелската армија е подготвена да ја…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…

40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…

Израел уби висок командант на Хамас во…

Израелската армија во петокот соопшти дека убила…

Израел да се повлече од Либан, а…

Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната…